Денес нашата актерка Емра Куртишова го слави својот роденден!
Емра Куртишова, позната актерка на македонската театарска сцена, е родена на 30 декември 1985 година во Скопје. Студирала на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, каде во 2009 година дипломирала во класата на проф. Владимир Милчин и асистентката Сузана Киранџиска, со улогата на Слатката девојка во претставата „Вртелешка“ од Артур Шницлер. За време

