Лето 2025 во Охрид: Времето одлично, водата топла, понудата богата, цени има за сите… а сепак помал број гости
Охрид, 6. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Времето е одлично, водата во езерото е топла, понудата на угостителски објекти побогата од било кога, спортски и забавни содржини на секој чекор, аеродром во непосредна близина, се средува и дел од патната инфраструктура, цените се високи, но има места каде има понуда за сечиј џеб… Навидум се’ е како што треба… Но…