Јакимовски постави рекорд и го освои МВП признанието
Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски е избран за најкорисен играч (МВП) на 10. коло во Еврокупот. Пред два дена, тој беше клучната фигура во победата на Тренто на гостувањето кај Бург, каде италијанскиот тим славеше со 91:73. Јакимовски одигра блескав натпревар, постигнувајќи 30 поени, додаде седум скока и три асистенции и собра вкупно 43 индексни







