Бадаровски по освоениот бронзен медал на Г1 турнирот во Шведска: Желба и мотивација има, целта се Олимписки игри
Таеквондото како спорт зема се посериозен замав во нашата земја во последните неколку години, а еден од најнадежните наши натпреварувачи во овој спорт е Горјан Бадаровски кој се натпреварува во категоријата над 87 килограми. Младиот таеквондист кој има 21 година се врати со освоен бронзен медал од Г1 турнирот кој изминатиот викенд се одржа во Кристијанштад,