Македонија тренираше во Прешов, Словаците зачудувачки првпат играат во тој ракометен град
Сите кои следат ракомет слушнале за клубот Татран Прешов, па затоа изненадувачки делува податокот дека репрезентацијата на Словачка досега никогаш не играла како домаќин во салата во Прешов, и решија сефтето да им биде токму против Македонија во првиот меч од баражот за Светско првенство. Македонија е фаворит и на првиот дуел кој се игра утревечер



