Пациент се заканувал кон вработена во ковид-центар
Пациент се заканувал кон вработена во ковид-центарот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од полицијата информираат дека настанот се случил синоќа, а пациентот употребил остар предмет упатувајќи закани кон вработената А.М.(31) од Скопје. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.