Финскиот премиер му порача на Зеленски: Ја поддржуваме Украина, но не и нарушување на нашиот воздушен простор
Финскиот премиер Петери Орпо изјави дека во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски јасно порачал дека Финска ја поддржува Украина, но дека е неприфатливо дронови да навлегуваат во финскиот воздушен простор. Изјавата следува откако два неидентификувани дрона накратко влегле во воздушниот простор на Финска во близина на руската граница,









