„Гугл“ лансира ВИ апликација што го претвора говорот во текст, а функционира и офлајн
„Гугл“ лансира нова апликација за диктирање под името „Елоквент“ која, засега, доаѓа на „иОС“ и функционира дури и без интернет-врска. Станува збор за експериментална алатка заснована на моделите „Џема“ на „Гугл“ за препознавање говор, која им овозможува на корисниците изговорениот текст да го претворат во уредени и готови реченици. Откако моделите


