Данска ја зајакнува воената присутност на Гренланд: „НАТО мора да преземе поголема одговорност“
Данска ќе ја зајакне својата воена присутност на Гренланд и ќе ги прошири заедничките воени вежби со сојузниците од НАТО, како дел од пошироките напори Алијансата да преземе поголема одговорност за безбедноста во Арктикот и северниот Атлантик, соопшти данското Министерство за одбрана. Во писмена изјава за агенцијата Анадолу, портпарол на Министерството










