Напад во казино на Бит Пазар
Инцидент во казино на Бит Пазар се случил вчеравечер. На 23.11.2025 во 21:16 часот во СВР Скопје, М.С.(30) од село Студеничани, скопско, пријави дека во казино на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице, соопштија од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

