Денес се слави роденденот на еден од најзначајните македонски композитори – Јане Коџабашија.
На денешен ден во 1942 година, во нашата земја се родил Јане Коџабашија, еден од највлијателните македонски композитори, музиколози и педагози. Неговото име е нераскинливо поврзано со современата музичка сцена во Македонија, но и со возобновувањето на источното црковно пеење. Во текот на својата кариера, која трае десетлетија, создаде опсежен опус


