Последното танго на Меси во татковината – навивачите бесни поради цената на билетите
Легендарниот Лионел Меси ќе игра во дресот на Аргентина за последен пат пред домашната публика на 27 март во пријателски натпревар против Мавританија. Натпреварот се игра на култниот стадион на Бока Јуниорс, „Бомбоњера“. Интересот на навивачите за натпреварот, поради последниот настап на Меси во неговата земја во дресот на Аргентина, е огромен. 📋



