Кошаркарска федерација со нов правилник за лиценцирање и важни чекори за поквалитетен и финансиски постабилен систем
Кошаркарската федерација на Македонија излезе со соопштение во кое ја информира јавноста дека на денешната седница на Управниот одбор, едногласно беше усвоен Предлог правилникот за лиценцирање на кошаркарски клубови за натпреварувачката сезона 2026/2027, како дел од реформските процеси насочени кон создавање поквалитетен, поорганизиран и финансиски

