Националниот џез оркестар саботната вечер ја исполни со енергија, страст и музичка мајсторија
Концертот на Националниот џез оркестар синоќа ја исполни салата на Македонската филхармонија до последното место. Присутните навистина можеа да уживаат во гламурозен настан, со прекрасни аранжмани и прекрасни солисти кои ги изведоа композициите од албумот „Rock Swings“ на Пол Енка, но и со хитови од 1980-тите и 1990-тите години, рок и поп-хитови, меѓу