Нова стихозбирка на Марина Мијаковска објавена во Белград
Македонската поетеса Марина Мијаковска ја објави својата прва книга на српски јазик, стихозбирката „Млечни прозори / Млечни прозорци“, во издание на белградската издавачка куќа „Арте“. Книгата претставува избор од поетското творештво на Мијаковска, обединувајќи песни од нејзините стихозбирки „Номадска душа“, „Куфери“, „Психоаналитичка алхемија од страсти“,






