Снежна зимска идила на Галичник
Вчерашните врнежи од снег, но и значително поубавото време денеска беа причина за зимско разубавување на голем број локации ширум Македонија. Таков е примерот со околината на Галичник, чија пикторескна и рустикална убавина доби дополнителна романтичност од снежната покривка. Што повеќе да се каже освен вистинска зимска, идилична бајка.