Повторно се отвора истрагата за мазутот во „ТЕЦ Неготино“ поради слабости во вештачењата
Вишото јавно обвинителство ја укина одлуката на обвинителката Катерина Коларевиќ која ја запре истрагата за случајот ,,Мазут во ТЕЦ Неготино“, што значи дека предметот е вратен назад во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на повторно постапување. Истрагата за овој случај, тежок 167 милиони евра, почна во март 2025 година.









