Пет деца хоспитализирани во Италија поради труење со хлор
Пет деца се однесени во болница откако пливале во базен во спортски комплекс во областа Боргезијана, на периферијата на Рим. Најтежок облик на труење има деветгодишно дете, кое е сместено на интензивна нега, објави Анса. Полицијата започна истрага, а според првичните информации, причина за проблемот е труење со хлор во водата од базенот.