Powerbank станува излишен: Android телефоните следната година ќе имаат батерии од 10.000 mAh
Кинеските производители работат на Android телефони со батерии од 10.000 mAh благодарение на напредните силициум-јаглеродни технологии. Пазарот на Android телефони влегува во нова фаза во која батериите од 7.000 mAh, 8.000 mAh и дури 10.000 mAh стануваат реалност. Неколку големи кинески брендови, вклучувајќи ги Xiaomi, OnePlus, realme и Honor, активно





