„Соулфлај“ и „Систерс оф мерси“ летово на „Д Фестивал“ во Штип
„Д Фестивал“ (The Festival), најголемиот летен музички фестивал во Македонија, оваа година одбележува јубилејно 15-то издание, кое ќе се одржува од 4 до 6 јули во Штип и со бројни новости во својот програмски концепт. Музичките настани ќе се одвиваат на две бини, „Главна“ и „Москито“, на кои ќе настапат повеќе од 40 бендови и музичари. „Во досега најголемиот