Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и во петок (14 август), со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура.










