Ивановски и Приходко обезбедија сингл четвртфинале на М25 турнирот во Загреб
Македонските Дејвис куп репрезентативци постигнаа победи во мечевите од 2. коло на М25 турнирот што се игра во Загреб. Калин Ивановски со 2:0 во сетови (7:6(8) и 7:5) за 2 часа и 13 минути го совлада Павлос Циципас од Грција, додека Олег Приходко го победи Хлиб Секачов со 2:1 во сетови (6:0, 4:6 и 6:4) за 2 часа и 11 минути. Ивановски одигра изедначен





