Никола Тренов ќе ги претстави своите дела на првата самостојна изложба во МКЦ
Првата самостојна изложба на младиот македонски уметник Никола Тренов, насловена „Примитивна хармонија: Есенција на постоењето“, ќе биде отворена на 14 октомври, во 20 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Во фокусот на изложбата се човекот и неговата потреба за близина, љубов, слобода, припадност и заедништво, како и односот




