На Богородица и на скопскиот аеродром спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над 𝟧 илјади алатки за тетовирање, мотоцикл, фалсификати и друго
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани опрема и средства за тетовирање, цигари, тутун, моторцикл, делови за прозорци и фалсификувана стока. Царински службеници во Царинската испостава Струмица запленија мотоцикл „Априлиа“ откако по поднесената увозна декларација