Фински бизнисмен казнет 120.000 евра затоа што возел со брзина од 59 км/ч во зона со дозволена брзина од 30 км/ч
79-годишниот Андерс Виклеф е еден од најуспешните бизнисмени во Финска. Како основач на Wiklöf Holding AB, компанија со годишен приход над 350 милиони евра, тој се вбројува и меѓу најбогатите луѓе во северна Европа. Но се чини дека г-дин Виклеф не е највнимателен возач – и тоа скапо го чини.

