ЦУК: Од 38 пожари изминатото деноноќие, активни се три
Во текот на изминатото деноноќие низ државата имало вкупно 38 пожари. Три од нив се активни, пет се ставени под контрола, а 30 се изгаснати, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според нивниот најнов извештај, активни се пожарите во Општина Дојран – с. Николич, Општина Велес – с. Џидимирци и во Општина Македонски Брод, помеѓу с. Црешнево,