Револуцијата продолжува: Моден викенд Скопје ја спојува одржливоста со стилот во својата 28-ма сезона
Претпоследниот ден на 28-то издание на Моден викенд Скопје, стоеше на раскрсницата на традицијата и иновациите, како одраз на еволуирачката природа на модната индустрија. Па така, денот обедини различна низа на млади визионери, сите селектирани со заедничка цел да ги поместат границите на она што модата може да го претстави во денешното општество.