Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Со одлагањето на сопственото проширување ЕУ практично демонстрира немоќ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на 22. Европски самит во Салцбург на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“. Таа говореше за иднината на европскиот проект, стратешките предизвици со коишто се соочува ЕУ и потребата од забрзување на евроинтеграциите на Западен Балкан. Осврнувајќи се на европскиот пат на земјава,








