Се запали галијата во реката Вардар во Скопје
Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е само материјална штета. Дополнително ќе се утврдува причината за пожарот. Фото: Архива