Комерцијална банка отвора врати за студентите: Платена летна пракса како инвестиција во иднината
Комерцијална банка ова лето им нуди одлична можност на младите и амбициозни студенти од економските науки: платена пракса и непроценливо професионално искуство во една од водечките банки во земјата. Програмата е наменета за студенти во завршна година од редовни студии, кои се комуникативни, љубезни, проактивни и со силна желба за учење и личен развој