Туристички брод удрил во бетонски блокови на Закинтос, шестмина повредени
Грчката крајбрежна стража денес објави дека шест лица се повредени кога туристички брод удрил во бетонски блокови при враќањето во пристаништето Агиос Николаос Волимон на грчкиот остров Закинтос. Инцидентот се случил синоќа, по завршувањето на екскурзивното пловење, објавува „Катимерини“. На бродот имало вкупно 24 патници и двајца членови на екипажот







