Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод 2 Август – Денот на Републиката, порача дека Илинден не е само историски датум, туку завет, карактер и симбол на непокорноста на македонскиот народ. Во своето обраќање тој истакна дека слободата не започнува на границите на државата, туку во срцето на народот, нагласувајќи








