Без вода напладне уште една скопска улица
ЈП Водовод и канализација известува за прекин на водоснабдувањето на дел од корисниците од општина Кисела Вода. Како што информираат од таму, денес поради уличен дефект на улицата 4/3а во Усје, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со санација на дефектот.








