Герасимовски вели дека не потрошил ни денар на патувања, Општината годинава склучила договори за авиобилети и хотели вредни над 21.000 евра
Пред неколку дена, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во објава на Фејсбук рече дека не потрошил ниту еден денар од граѓаните на непродуктивни трошоци , како патувања и угостителски услуги, туку дека и тие 2 милиони денари ги пренамениле за потребите на социјално ранливи граѓани. Сепак, иако градоначалникот, како што вели, не користел

