Продаден дрес на Џордан за неверојатни 14 милиони долари!
Дресот што го носеше Мајкл Џордан во финалето на НБА-лигата во 1998 година е продаден за неверојатни 14 милиони долари. Станува збор за потпишан дрес од вториот натпревар против Јута џез, кога ја израмни Чикаго булс серијата на 1:1. Дресот го купи инвеститорот во недвижности Рон Фирман од Мајами, а продажбата го вброи меѓу највредните спортски сувенири








