Доживелиците на македонските писатели од улицата „Данил Хармс“ (1)
Славко Јаневски еднаш решил да го исплаши Димитар Митрев и се сокрил под една клупа на булеварот ЈНА, каде што секој ден во исто време поминувал авторитетниот и немилосрден книжевен критичар и теоретичар. Блаже Конески, не знаејќи за намерата на колегата, исто така решил истиот ден да го исплаши Димитар Митрев; се преоблекол во Славко и се сокрил под

