Мицкоски за минималната плата: Секој договор што ќе го постигнат работодавачите и работниците како Влада ќе го поддржиме
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања го повтори ставот на Владата во однос на зголемувањето на минималната плата. -Нашиот став во однос на минималната плата сме го кажале, ќе го повторам, нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на










