Вирџинија ја укинува смртната казна
Во американската сојузна држава Вирџинија пратениците го усвоија предлог-законот за укинување на смртната казна, кој е испратен на потпис до гувернерот, демократот Ралф Нортем, кој има намера да го потпише. Со тоа Вирџинија ќе стане првата држава во јужниот дел на САД, каде ваков вид казна ќе биде укината на законодавно ниво, пишува Вашингтон пост