Закани, следење и физички напади: Полицијата приведе осум лица по пријави за семејно насилство
Осум лица се лишени од слобода вчера и рано утрово по пријави за физички напади, закани, агресивно однесување и непочитување судски мерки за заштита од семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полицијата поднела и две кривични пријави за одделни случаи во Кочани и Делчевско, а извршила и службен разговор по пријава за напад








