Дел од Ѓорче Петров утре ќе биде без струја
Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, утре (10 јули) дел од скопската општина Ѓорче Петров ќе остане без електрична енергија. Според најавата, прекинот ќе трае од 09:30 до 14:30 часот , а без струја ќе останат делови од: улица „Борис Сарафов“, улица „Македонска преродба“и улица „Знеполе“.










