Битолски малолетник е лишен од слобода – возел Ауди без возачка дозвола!
На 07.02.2026 во 04:30 часот на бул.„1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 17- годишник од Битола, бидејќи бил затекнат како управува патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола. – информира МВР.





