„Или-или“ повторно го објави изданието „Писма“ дебитантската проза од Игор Исаковски
Издавачката куќа „Или-или“ повторно го објави изданието „Писма“ – дебитантската проза од Игор Исаковски (1970 – 2014). Книгата првпат е објавена во 1991 година во издание на „Книжевна младина на Македонија“. – По 35 години, една од „најскопските“ книги повторно заживува и меѓу новата генерација домашни читатели. По собраната поезија на едно место (десетте








