ФОТОГАЛЕРИЈА | Масовен марш во тишина во Кочани
Во молк, без ниту една гласна порака до институциите почна и заврши денешниот Марш на ангелите во Кочани, најмасовен досега, два месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 млади луѓе. За разлика од претходните маршеви кога дел од родителите испраќаа гласни пораки и до власта и до Министерството за внатрешни работи, денеска семејствата