„Лов на пари“: Зовре незадоволството кон УЈП за данокот
Само околу 3.000 граѓани од Куманово кои работеле во воените жаришта во Ирак и Авганистан треба да платат милионски суми данок во Македонија ако не докажат дека го платиле меѓународните контрактори што ги ангажирале. Шок, неизвесност и големо незадоволство владее меѓу неколку илјади кумановски граѓани кои добија опомени од Управата за јавни приходи










