Собослаи донесе победа за Ливерпул на стартот на турнејата во САД
Англискиот премиерлигаш Ливерпул ја стартуваше турнејата низ Соединетите Американски Држави со победа над шпанскиот Реал Бетис од 1-0. Клучниот момент во натпреварот се случи во 34. минута кога унгарскиот репрезентативец Доминик Собослаи ги постави конечните 1-0. Следен противник на „црвените“ ќе биде Арсенал на 1. август. Liverpool [1] – 0 Real Betis