Осмомартовски марш - Маршираме заедно за да покажеме дека „Нема да нè снема“
По повод 8 март – Меѓународниот ден на жената повикуваме на традиционалниот марш за женски права што ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“. Маршот ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, во знак на протест и отпор кон фактичкото и фигуративното бришење на жените во нашето општество. Жената постои на маргините на заедницата, како и










