„Силјан“ на Тамара Котевска ја доби „Наградата на Музата“ во Венеција
„Силјан“, новиот документарен филм на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска, ја освои една од најретките награди на Биеналето – „Cinema and Arts Award“, позната и како „Наградата на Музата“, која е дел од официјалната натпреварувачка програма на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот во Венеција. Во конкуренција од 20 филмови