За едно деноноќие лишени од слобода 25 возачи: 12 возеле без положен испит, 11 под дејство на алкохол
Вкупно 25 возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од приведените, 12 лица управувале моторно возило без положен возачки испит,









