Наградата „Ристо Шишков“ за Александар Степанулески; Најдобро актерско остварување на фестивалот на камерен театар во Струмица
Александар Степанулески ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 34. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој вчеравечер заврши во Струмица. Наградата ја доби за улогата на Луков во претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски, во изведба на Прилепскиот народен театар, која ја спушти









