Дали ја поистоветуваш тензијата со страст, а анксиозноста со љубов? САМО ПОЛЕТАЈ!
Пред некое време на Инстаграм ми излезе една објава која гласеше вака: „Дали птицата слетува на гранка затоа што верува дека гранката нема да се скрши или затоа што верува во сопствената способност да одлета?“ Си реков „вау, длабоко“, но не размислував многу за оваа симпатична метафора. И потоа, неколку пати во денот се фатив себеси како си замислувам

